top of page
img_2_aae79963-5924-4c6d-b685-3dc43d9d92

Мојот бизнис почеток со ФЛП

Со FOREVER  до ѕвездите

Сте се запрашале ли колкав дел од Вашето драгоцено време трошите за да бидете во чекор со денешново темпо на живеење??? Сигурна сум дека не еднаш, туку неколкупати па дури и секојдневно се прашувате истото. Талкајќи на сите страни, за да се стигне се, забораваме на најдрагоцените нешта што не опкружуваат: децата, семејството, пријателите, здравјето. Па да драги мои, и не е можно да се постигне се, а да не се жртвува нешто, но најжално е кога се жртвуваат најмилите и највредните работи. Ако сте во работен однос сигурно сте натрупани со работа, нема слободни денови, нема одмор кога сакате па нема ни плата каква што сакате. Ако пак сте невработени, немате вакви проблеми, но немате ни средства со кои ќе им удоволите на вашите најмили. Нема и слобода и финансиска независност истовремено.
Наоѓајќи се во слична состојба пред три години, соработката со ФЛП се случи многу неочекувано, кога и воопшто не размислував за ваков бизнис, но сега сум пресреќна што воопшто прифатив да се вклучам во ваков тип на работа, бидејќи така ги открив благодетите што ги нуди мрежниот маркетинг. До тогаш немав слушнато за оваа компанија, а искрено не ни знаев како функционира мрежниот маркетинг. Но верувајте, оваа компанија внесе здравје во мојот живот и ме внесе во тајните на мрежното работење. Да ми кажеше некој во тоа време дека ќе постигнам успех како Менаџер во компанијата, со сигурност ќе помислев дека е добра шега. Но верувајте, ФЛП е таква компанија со која нема шеги, со ФЛП се е можно истовремено: финансиска независност, здравје, можност за стекнување нови пријатели кои станаа дел од моето семејство, како и запознавање нови предели ширум светот. Препорачувајќи ги прекрасните производи на сите мои блиски се стекнав со позитивни искуства за дејството на производите што придонесе бројот на мои соработници да порасне рапидно за кратко време. Дел од нив започнаа сопствен бизнис со ФЛП, а дел прераснаа во вистински лидери, на кои сум горда и кои искрено се трудат да тргнат по стапките на најуспешните во ФЛП. Мојот успех не е личен, туку е успех на сите мои соработници, бидејќи само со меѓусебна соработка и помагање може да се постигне многу. Затоа искрено Ви препорачувам имајте што повеќе дистрибутери во вашата мрежа, научете ги да работат, помагајте им кога е потребно и бидете лојални на своите спонзори. Само така со доверба и соработка можете да успеете и да зачекорите по патот на успехот со ФЛП кој нема граници, кој води до ѕвездите !!!!!!

Мој бизнис почеток со FLP: About
bottom of page