ИНФОРМАЦИИ И НАРАЧКИ: 077 953 621
БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НАД 2000 ДЕНАРИ

Зошто Алое од Forever Living Products
Forever Living Products е основана во 1978 година во Феникс, Аризона од американскиот бизнисмен Рекс Мун. Успешен човек кој често бил во потрага по нешто ново. Вниманието му го привлекол мрежниот маркетинг кој овозможува можност за флексибилна работа и можност за голема финансиска слобода. Над 8,5 милиони дистрибутери имаат можност да живеат поздрав живот и да уживаат во благодетите на голема финансиска независност што ја нуди ФЛП. Денес квалитетот и резултатите од корисните состојки што ги пружа Алоето на ФЛП и донесоа милијарда долари годишна продажба и распространетост во над 160 држави ширум светот.
ФЛП е најголемиот поизводител, преработувач и дистрибутер на производите со Алое Вера ширум светот. Производите на ФЛП се базираат на 100 % стабилизиран гел, во комбинација само со неопходните додатоци. Во своја сопственост има плантажи во во САД и Доминиканска Република каде го одгледува Алоето на чисти и незагадени простори без користење на пестициди и хемикалии.
Производството започнува дури откога ќе поминат четири години, откога растението ќе постигне целосна зрелост. Се користат исклучиво здрави и зрели листови, внимателно откинати и веднаш дистрибуирани до производствените погони, каде веднаш се применува техноогијата на стабилизација како би се сочувале сите состојки што ги има во свежиот лист.
ФЛП за производство на гелот ја користи само средината од листот, бидејќи смета дека во обвивката не се содржат хранливи и корисни состојки, па затоа обвивката ја користи како ѓубриво на плантажите со Алое.
ФЛП во производството не користи побрзи и поевтини начини за преработка на Алоето, кои би ги уништиле активните состојки, како што го прават многу други компании кои произведуваат Алое. Користи температура која е пониска од температурата за пастеризирање, со цел да ја загарантира заштитата на активното дејство на ензимите. Студената преработка целосно ги заштитува материите во состојбата во која се наоѓаат непосредно откако ќе се отсече листот од растението. На тој начин производите целосно ги зачувуваат корисните квалитети на Алоето за подолг временски период.
Од 2001 година ФЛП ја започнува својата работа и во соседна Република Бугарија.Така што за кратко време се доближи ФЛП и до нашата држава Република Македонија, со цел за полесен и подостапен пристап до прекрасните производи кои јас претпоставувам дека во скоро време ќе најдат примена во секој дом .
Славица Донакова
Senior Eagle Manager

Мојот бизнис почеток со Forever
Сте се запрашале ли колкав дел од Вашето драгоцено време трошите за да бидете во чекор со денешново темпо на живеење??? Сигурна сум дека не еднаш, туку неколкупати па дури и секојдневно се прашувате истото. Талкајќи на сите страни, за да се стигне се, забораваме на најдрагоцените нешта што не опкружуваат: децата, семејството, пријателите, здравјето. Па да драги мои, и не е можно да се постигне се, а да не се жртвува нешто, но најжално е кога се жртвуваат најмилите и највредните работи. Ако сте во работен однос сигурно сте натрупани со работа, нема слободни денови, нема одмор кога сакате па нема ни плата каква што сакате. Ако пак сте невработени, немате вакви проблеми, но немате ни средства со кои ќе им удоволите на вашите најмили. Нема и слобода и финансиска независност истовремено.Наоѓајќи се во слична состојба пред три години, соработката со ФЛП се случи многу неочекувано, кога и воопшто не размислував за ваков бизнис, но сега сум пресреќна што воопшто прифатив да се вклучам во ваков тип на работа, бидејќи така ги открив благодетите што ги нуди мрежниот маркетинг. До тогаш немав слушнато за оваа компанија, а искрено не ни знаев како функционира мрежниот маркетинг. Но верувајте, оваа компанија внесе здравје во мојот живот и ме внесе во тајните на мрежното работење. Да ми кажеше некој во тоа време дека ќе постигнам успех како Менаџер во компанијата, со сигурност ќе помислев дека е добра шега. Но верувајте, ФЛП е таква компанија со која нема шеги, со ФЛП се е можно истовремено: финансиска независност, здравје, можност за стекнување нови пријатели кои станаа дел од моето семејство, како и запознавање нови предели ширум светот. Препорачувајќи ги прекрасните производи на сите мои блиски се стекнав со позитивни искуства за дејството на производите што придонесе бројот на мои соработници да порасне рапидно за кратко време. Дел од нив започнаа сопствен бизнис со ФЛП, а дел прераснаа во вистински лидери, на кои сум горда и кои искрено се трудат да тргнат по стапките на најуспешните во ФЛП. Мојот успех не е личен, туку е успех на сите мои соработници, бидејќи само со меѓусебна соработка и помагање може да се постигне многу. Затоа искрено Ви препорачувам имајте што повеќе дистрибутери во вашата мрежа, научете ги да работат, помагајте им кога е потребно и бидете лојални на своите спонзори. Само така со доверба и соработка можете да успеете и да зачекорите по патот на успехот со ФЛП кој нема граници, кој води до ѕвездите !!!!!!
