top of page
Testimonial-Background.jpg

Искуства од користењето на производите

задоволни корисници и лични искуства

Искуства: Testimonials

Со задоволство им го препорачувам алое вера гелот на сите што имаат било каков здравствен проблем,но и на оние кои сакаат да си го подобрат имунитетот и да се заштитат од понатамошни влошувања на здравјето.Сакам со вас да го споделам моето искуство,како би ви докажала дека Алое Вера гелот е навистина делотворно сретство и максимално помага во процесот на лекување.
Јас имам 25 години и многу рано заболев од хормонално пореметување.Следуваше лекарска хормонска терапија,многу стресови и нервози околу целокупното лекување.Месечниот циклус ми изостануваше со месеци што предизвика дополнителна психо-физичка напнатост.Почнав да го пијам алое гелот по препорака на мајка ми.Веќе првата недела веднаш почувствував подобрување во организмот, навистина почнува нешто да се менува во мене и тоа на позитивно.Втората недела од употребата - добив менстуација и моето тело почна нормално да функционира.Немав болки и мачнини за време на циклусот,дури и психички се чувствував убаво и релаксирано.Ја прекинав хормоналната терапија и престанаа сите мои дотогашни кошмари.
Сеуште го користам гелот и се надевам дека потполно ке се опоравам и еден ден и јас ке имам семејство и деца. Нема никаква несакана реакција од употребата на ова средство, затоа искрено и од срце го препорачувам на сите: на болните за да оздрават,а на здравите за да го зачуваат своето здравје-тоа е најбитен елемент за среќен живот!

Marija

Морам да признаам дека за производите од Алое Вера слушам со години од разговорите меѓу пациентите, но без да обрнам внимание. Интересот кај мене го побуди желбата да и помогнам на една блиска пријателка, оперирана од карцином. Таа ми помогна да остварам контакт со моите сегашни спонзори. Оттогаш, со моето приклучување во ФЛП практично започна моето чекорење, заеднички со членовите и корисниците на производите, на патот до професионалниот успех и до подобро и поздраво секојдневие. Во меѓувреме и покрај моето професионално 20 годишно искуство, за првпат почувствував дека има компании кои знаат соодветно да го вреднуваат и наградуваат трудот на своите работници, како што е ФЛП. Врв на моето задоволство беше патувањето во Лондон, од каде сто се вратив со прекрасни впечатоци, разменети професионални искуства , нови сознанија за методите и резултатите во работењето и пред се мотивација за да продолжам со уште поголема ангажираност.

Roza Gelevska

Морам да признаам јавно пред сите Вас драги посетители , дека за првпат кога слушнав за препарати од билки, како додатоци во исхрана бев многу скептик.

        Но овој пат не се работеше за било кои билки, туку тоа беше широкиот асортиман на производи од Алое Вера и тоа не било кое туку АЛОЕ од Форевер Ливинг Продактс. Не можам а да не кажам дека првиот пат ми требаше и подолго време за запознавање со се што нудат производите од нивната примена. Многу ноќи непреспиени, многу литература прочитана и многу советувања со мојата менаџерка Катерина Трајчевска од ФЛП. Но како велат за се има првпат. Производите ми влеаа многу надеж и доверба по првите можеби за некого мали, за мене големи успеси кај мојата мајка.Следуваше мојот почеток во семејството на Форевер Ливинг Продактс-како дистрибутер, почеток на моите први лични искуства проследени со успеси.

·                Чуствував многу замор,болки во главата,во кичмата, имав проблеми со столицата. Веднаш одлучив да земам  дел од производите да се уверам и убедам во нивниот  квалитет.

- Алое Вера Гел, Омега 3, Алое чај,форевер актив пробиотик, матичен млеч  и постепено додавајќи дел од  производите.

Само по една недела употреба резултатите беа зачудувачки.Не ми се веруваше, сигурно ми се присторува-си реков. Но навистина прекрасно е чувството да бидеш ангажиран на работа и со семејството цел ден, а да имаш енергија сето тоа да го издржиш и да го победиш напорот на денешното живеење. Како што повеќе ги осознавам квалитетите на производите, така се повеќе ја збогатувам палетата на производи кои ги употребувам.Едно е многу јасно, сигурна сум дека и понатака ќе ги применувампроизводите а знам дека нема да имам никакви несакани последици.

Потоа следи друг член од семејството кој го следи целото предходно кажано и се одлучува да ги испроба производите кај себе. Долги години болки од реуматоиден артритис и од неодамна со рана на уста. Се почнува пред три месеци со обичен херпес, па ја зафаќа целата уста. Користени се креми препишни од матичен лекар. По неуспехот се обраќа кај хирург на Клиниката за масцилофасцијална хирургија. Наодот е цистит, се извршува операција, се испушта на домашно закрепнување. Попрепишаната терапија поминува еденмесец без подобрување на состојбата. Советувам нешто од ФЛП. Но од кај да започнам. Знаев дека треба повеќе, знаев дека треба да се дејствува и одвнатре и однадвор. Со оглед на годините и присатност на повеќе заболувања предложив да започнеме со:         -нашиот чудесен Алое , форевер актив пробиотик, омега 3, А_Бета КарЕ, зелена крема,липс.

       Само за еден ден забележавме позитивни промени.Се разбира не целосно, но започна процесот на заздравување.Следуваат наредните десетина дена се повеќе се забележуваше задравувањето на раната на устата. Но.... сепак има прашалници во нашите глави. Како може три месеци пред операција и еден потоа со лекарства од класичната медицина да не заздраве раната? Како може само со десет, петнаесет денови со примена на овие производи од ФЛП да се постигнат вакви резултати? Да се намалат болките предизвикани од реуматоидниот артритис, да се намалат отоците околу зглобовите. Продолживме со проширување на палетата  од ФЛП.

Овој момент беше клучен кога решив дека овие информации мора да ги знаат сите пријатели, роднини и пошироката јавност. Овој момент одлучив дека треба јас,  а и сите ние да ја срушиме бариерата на срам, тајност,дека треба јавно да проговориме за своите здравствени проблеми и да ги пренесеме првите позитивни искуства. Си ветив дека ќе зборувам за Алое Вера од ФЛП без да престанам, ќе укажувам на моите сограѓани дека треба да ги употребуваме овие производи додека сме здрави- да си го сочуваме нашето здравје. Дури и тогаш кога ќе се појават вакви и слични здравствени проблеми може да се помогне, но тогаш ке мора да се употребат големи количини !

Оваа моја одлука ми донесе пресврт во мојот живот. Ми овозможи да ја запознаам поубаво мојата држава. Посетив  прекрасни предели  за кои не сум слушнала предходно , стекнав  пријатели кои ми станаа толку блиски како членови  од  семејството. 

Slavica мое лично искуство

bottom of page