Forever Immublend/Форевер имубленд
60 таблети
Додаток на исхрана создаден за целосна поддршка на имунолошкиот систем. Секоја состојка во патентираната формула е избрана поради клучната улога која ја има за поддршка на имунолошките функции.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
СОСТАВ
Патентирана мешавина од фруктоолигосахариди, лактоферин, печурки маитаке во прав (Grifola frondolosa), печурки шитаке во прав (Lentinula edodes), екстракт од маитаке (Grifola frondolosa), витамин С (аскорбинска киселина), витамин D3 (холекалциферол), цинк (цинк глуконат).
Микрокристална целулоза, хидроксипропил метилцелулоза, стеаринска киселина, магнезиум стеарат, кроскармелозен натриум, силициум диоксид, натриум карбоксиметилцелулоза, декстрин, декстроза, соин лецитин и натриум цитрат.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По две таблети на ден како додаток на исхраната.
ВНИМАНИЕ: консултирајте сѐ со лекар пред употреба на овој додаток на исхрана, ако сте бремена, се обидувате да забремените или доите.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Ги поддржува сите аспекти од функцијата на имунолошкиот систем.
- Обезбедува спектар на хранливи состојки за поддршка на имунитетот.
- Се бори со слободните радикали.
Oваа ексклузивна формула ги потпомага сите аспекти од функцијата на имунолошкиот систем, обезбедувајќи ги најважните хранливи состојки за добар имунитет, плус природни билки со синергично дејство.
• Фруктоолигосахариди – посебен вид шеќери кои служат за храна на пробиотските бактерии во дигестивниот систем. Нивното присуство во организмот ја подобрува корисната цревна микрофлора, која има клучно значење за добар имунитет.
• Лактоферин – соединение кое го поддржува производството на имуни клетки и придонесува за одржување на оптимални нивоа на корисни бактерии во цревата.
• Печурки маитаке и шитаке – го поддржуваат производството на имуни клетки, како и функциите на кардиоваскуларниот систем.
• Витамин D – придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
• Витамин С – придонесува за заштитата на клетките од оксидативниот стрес.
• Цинк – исто има антиоксидантно дејство и го поддржува производството на имунолошките клетки.
ДОСТАВА
Достава со Карго низ цела Македонија

