top of page
FAB X Forever Active Boost/ ФАБ Х Природен енергетски пијалок

FAB X Forever Active Boost/ ФАБ Х Природен енергетски пијалок

SKU: 366615376135191

Код: 440
250 мл

 

 

 

Енергетскиот пијалок ФАБ X е диететска алтернатива за повеќе виталност со сите витамини, аминокиселини и електролити, но без никакви калории, јаглехидрати и шеќери. Исполнете се со брза и долготрајна енергија со ФАБ Х, задржувајќи ја елегантната фигура. Новиот пијалок на Форевер може да ви даде енергија да завршите сe во презафатен ден.

  • ОПИС И СВОЈСТВА

    Енергетскиот пијалок ФАБ X е диететска алтернатива за повеќе виталност со сите витамини, аминокиселини и електролити, но без никакви калории, јаглехидрати и шеќери. Дали понекогаш сакате да имате повеќе време, за да направите сe што сте планирале? Времето ви е највредниот ресурс, а ако имате доволно виталност во текот на целиот ден, ќе можете да го постигнете саканото. Го направивме ФАБ X за да ви помогнеме да имате корист за вашето здравје и фитнес цели, притоа да уживате во истиот одличен вкус на кој сте навикнале од ФЛП. 
    Од време на време секој од нас има потреба од наплив на енергија, додека пак долгорочната виталност без енергетски падови ни помага да се справиме со оптеретеното секојдневие. Со ФАБ Х веќе можете да сметате и на двете, а истовремено да ја сочувате елегантната линија. Без калории, без шеќер, без јаглехидрати – ФАБ Х е идеален пијалок за моментите во кои имате потреба од освежување. Билката гуарана придонесува за брзиот ефект на ФАБ Х, а долгорочната енергија е обезбедена од патентираната смеса од адаптогени билки, витамини, аминокиселини и електролити, формулирана од страна на еден од водечките спортски научници. 
    Издржливоста, концентрацијата, енергијата и витамините кои ги добивате од ФАБ Х, ќе ве ревитализираат и ќе ви помогнат да ја подобрите работоспособноста, но без шеќер и калории. Секогаш кога имате потреба од дополнителна енергија,без да наштетите на својата фигура, можете да се потпрете на диететскиот ФАБ Х.

     

    АКТИВНИ СОСТОЈКИ

    Стабилизиран гел од алое вера, таурин 600 mg, екстракт од семе на гуарана, глукоронолактон, L-глутамин, мешавина од адаптогенни билки (сибирски женшен Eleutherococcus S., шисандра), инозитол, витамини (B3, B5, B6, B12).

     

    ДРУГИ СОСТОЈКИ

    Газирана вода, лимонска киселина, регулатори на киселост (натриев цитрат, калиев цитрат), јаболкова киселина, аромати, сукралоза, обојувач (бета-каротин).

     

    ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

    По една лименка дневно. Нежно протресете и сервирајте оладено. Не се препорачува за деца, бремени и доилки. Консултирајте се со лекар, ако имате некакво заболување.

     

    ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

    • Без калории, без јаглехидрати, без шеќери.
    • Брза и долготрајна енергија.
  • ДОСТАВА

    Вршиме достава со Карго низ цела Македонија.

ден241,00 Regular Price
ден228,95Sale Price
Product Page: Stores_Product_Widget
bottom of page