top of page
FAB Forever Active Boost Natural Energy Drink /ФАБ Природен енергетски пијалок

FAB Forever Active Boost Natural Energy Drink /ФАБ Природен енергетски пијалок

SKU: 36523641234523

Код: 321
250 ml

 

 

 

 

 

ФАБ е фантастичен нов производ на ФЛП, кој ќе ве исполни со енергија за да се справите со сите задачи во напорниот ден. Тој е комбинација од гел од алое со патентирана мешавина од адаптогени билки, витамини и други состојки, за да ве исполни со сила и виталност. Брзото дејство се должи на екстрактот од гуарана, а долготрајното на технологијата ADX7, разработена од водечки руски научник и истражувач во областа на спортот.

  • ОПИС И СВОЈСТВА

    Сите знаеме колку исцрпувачки може да биде оптеретеното секојдневие – крајни рокови на работа, земање на децата од училиште, фудбалски тренинзи, набавки и домашни задачи… Како е можно човек постојано да има енергија за сето тоа? ФЛП најде решение како да се опоравите кога стрелката на вашиот резервоар е "на црвено" – природниот енергетски пијалок ФАБ.
    Енергетскиот поттик кој ќе го добиете од ФАБ е различен од оној на другите енергетски пијалоци, бидејќи ви дава моментална и долгорочна енергија.
    Моменталното дејство се должи на гуараната – природна состојка, која се извлекува од семето на истоимената грмушка која расте во Бразил, каде многу се користи за природно обезбедување на телото со енергија. Според истражувањата, освен прилив на енергија, гуараната веројатно има и својства да спречува алергиски реакции и да ја подобрува умствената активност.
    Долгорочното дејство го обезбедува ADX7 технологијата – патентирана мешавина од адаптогени билки и други хранливи состојки, разработена од водечки руски спортски научник и истражувач. ADX7 им помогнала на руски атлети да освојат над 130 медали на олимписки игри! Помеѓу билките е сибирскиот женшен, кој според истражувањата има способност да ја зголеми издржливоста, да го подобри квалитетот на сонот и умствената дејност. Во неговиот состав има соединенија со антиоксидантни, противвоспалителни и антибактериски својства. Друга ADX7 билка е древната кинеска шисандра, за која се тврди дека ја зголемува работоспособноста и отпорноста на стрес. Докажано е дека нејзината основна состојка – шисандринот е силен антиоксидант, има противвоспалителни својства и придонесува за рамнотежа на шеќерот во крвта и кисело-алкалниот баланс во организмот. Двете билки се комбинирани со четири витамини од В комплексот – никотинамид (В3), калциев пантотенат (В5), пиридоксин (В6) и цианкобаламин (В12). Оваа група хранливи материи е позната со благотворното влијание врз нервниот систем и неговата способност да ја зголемуваат издржливоста. Друга состојка на патентираната мешавина е тауринот – аминокиселина со антиоксидантно дејство, која го регулира нивото на хомоцистеин во телото и така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
    Синергичното дејство на сите овие состојки се зајакнува и од стабилизираниот гел од алое вера, чија способност да освежува и да дава енергија ви е добро позната. ФАБ не содржи дополнителен вештачки кофеин – влијанието на пијалокот се должи единствено на комбинацијата од гуарана и природни билки.
    И добрата вест е дека целата оваа енергија е ниско калорична и нема да влијае на вашата фигура.
    ФАБ е брз и освежувачки начин да сте енергични и будни во текот на целиот ден. Пијалокот ве исполнува со виталност, за да имате кондиција и концентрација да завршите сe што треба, плус она што вие сакате.

     

    АКТИВНИ СОСТОЈКИ

    Стабилизиран гел од алое вера, таурин 600 mg, екстракт од семе на гуарана, глукоронолактон, мешавина од адаптогени билки (сибирски женшен Eleutherococcus S., шисандра), L-глутамин, инозитол, витамини (B3, B5, B6, B12).

     

    ДРУГИ СОСТОЈКИ

    Газирана вода, шеќер, декстроза, лимонска киселина, ксилитол, регулатори на киселост (натриев цитрат, калиев цитрат), аромати, обојувач (бетакаротин).

     

    ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

    По една лименка дневно. Протресете нежно и сервирајте оладено. Не се препорачува за деца, бремени и доилки. Консултирајте се со лекар, ако имате некакво заболување.

     

    ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

    • Гуараната ви дава енергија на природен начин.
    • Моќна комбинација од адаптогени билки.
  • ДОСТАВА

    Вршиме достава со Карго низ цела Македонија.

ден241,00 Regular Price
ден228,95Sale Price
Product Page: Stores_Product_Widget
bottom of page