top of page
DX4™ Body Balancing System /  DX4™ балансирачка програма

DX4™ Body Balancing System / DX4™ балансирачка програма

Започнете го ударно вашето патување до повеќе виталност со DX4™ од Форевер – четиридневeн систем коj ви помага да го рестартирате телото и умот.

  • ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

    ОПИС И СВОЈСТВА

    Започнете го ударно вашето патување до повеќе виталност со DX4™ од Форевер – четиридневeн систем коj ви помага да го рестартирате телото и умот со моќна комбинација од краткотрајно гладување, насоки за исхрана и шест иновативни производи достапни само во програмата, плус нашиот класичен Aloe Vera Gel за потребната нутритивна поддршка и постигнување на зацртаните цели.

    Првите два дена се фокусираат на ограничување на внесот на калории, а третиот и четвртиот – на вклучување на повеќе здрава, зелена и цврста храна. Во текот на четирите дена од програмата, ќе набљудувате како се чувствува вашето тело во целина, како реагира на производите и какви промени забележувате во зајакнување на врската меѓу умот и телото. Пиењето доволно вода е важен елемент на програмата, а целта е да се создаде навика да се пие повеќе вода и откако ќе заврши програмата.

    Секој ден си има тема: одлучи, одреди, откриј и посвети. Во текот на четирите дена ќе ве водиме до посилна врска меѓу умот и телото за подобро целокупно здравје.

    СОСТАВ

    Список на состојки

    Forever Therm Plus™ – 12 таблети

    Моќен додаток на исхраната со зелен чај, гуарана, зелено кафе, екстракт од шафран и витамини B12 и C, кои придонесуваат за нормален метаболизам и производство на енергија, како и за намалување на чувството на замор, за поддршка на метаболизмот и енергетските нивоа.

    Forever DuoPure™ – 8 таблети

    Forever DuoPure™ комбинира екстракт од калинка и јапонска фалопија со холин, фолна киселина и витамини B6 и B12. Холинот придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб, а B витамините и фолната киселина поддржуваат многу функции во телото, меѓу кои е придонесот на витаминот B6 за нормалниот тек на метаболизмот на протеините и гликогенот.

    Forever Multi Fizz™ – 4 шумливи таблети

    Со освежителен вкус на лубеница, Forever Multi Fizz™ е растворлива таблета која ја подобрува хидратацијата, додавајќи ѝ лесен газиран вкус на водата. Збогатен е со витамините C, B и E.

    Forever LemonBlast™ – 4 ќесички

    Практично пакување со растителни екстракти кое се раствора во вода во киселкаст и благо пикантен напиток со вкус на лимон, ѓумбир и лут црвен пипер со куркума во прав. Може да се пие топол или ладен. Нуди уникатна мешавина од растворливи влакна со магнезиум за поддршка на електролитниот баланс и нормалната ментална функција.

    Forever Sensatiable™ – 32 таблети за џвакање

    Forever Sensatiable™ содржи глукоманан. Нуди слатко бегство од секојдневните искушенија. Со висока содржина на растителни влакна со исклучителна способност да апсорбираат вода.

    Forever Plant Protein™ – 1 пакување

    Растителниот протеин на Форевер обезбедува по 17 гр. протеини во една порција. Формулата е веганска и не содржи ниту млечни производи, ниту соја. Со пријатен вкус на ванила и глатка конзистентност за разлика од многу други растителни протеини. Протеините од грашок и тиква придонесуваат за нормална состојба на коските, како и за раст и одржување на мускулната маса.

    Forever Aloe Vera Gel® – 4 пакувања по 330 мл

    Гелот од алое вера содржи 99,7% чист гел од внатрешноста на листовите на растението и витамин С кој придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем.

    УПОТРЕБА

    Наутро: 3 табл. Forever Therm Plus сo 240 мл вода.

    Пред ручек: 2 табл. Forever DuoPure сo 240 мл вода.

    Во секое време на денот: земајте по 1-2 Forever Sensatiable таблети за џвакање, до 8 таблети кога сте гладни, со многу вода.

    Рано попладне: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.

    Доцна попладне: растворете една шумлива таблета Forever MultiFizz во 240 мл вода.

    Навечер: растворете една мерна лажица Forever Plant Protein во 240 мл незасладено растително млеко или вода.

    Пред спиење: растворете една ќесичка Forever LemonBlast во чаша млака или ладна вода.

  • ДОСТАВА

    Достава со карго

10.778,00ден Regular Price
10.239,10денSale Price
bottom of page