Absorbent-C/Апсорбент Ц
100 таблети
100% Витамин Ц, изваден од природни цитрусови биофлавоноиди, како и од портокал и папаја соединети со природни овесни трици, со што се гарантира максималното апсорбирање. Вкусна таблета за џвакање, која што ќе му се допадне на целото семејство.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
СОСТАВ
Овесни трици, сорбитол, мед, аскорбинска киселина (витамин С), стеаринска киселина, природна арома на портокал, цитрусни биофлавоноиди, плод од папаја и силициум диоксид.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По една таблета три пати на ден. Препорачано е таблетите да се џвакаат.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
• Овесните трици го потпомагаат апсорбирањето на витаминот С.
• Моќен антиоксидант.
• Има благотворно влијание врз кожата и сврзните ткива.
• Не содржи шеќер, конзерванси, скроб и вештачки бои.
Секојдневното внесување на витамин С одамна се поврзува со добрата здравствена состојба – уште од времето кога морнарите го откриле моќниот ефект на цитрусовите овошја против заканата од скорбут за време на долгите морски патувања. Во денешно време науката нѐ снабдила со огромна листа од корисни влијанија на овој најпопуларен витамин.
• Тој е моќен антиоксидант кој делумно го формира заштитниот систем на организмот против штетното влијание на слободните радикали.
• Витаминот С е корисен додаток за кожата, коските, `рскавицата, слузокожата, крвните садови и забите, бидејќи придонесува за синтеза на меѓуклеточен колаген.
• Витаминот С го потпомага имунолошкиот и нервниот систем.
• Го поддржува нормалното одвивање на метаболизмот и производството на енергија, го намалува чувството на замор.
ДОСТАВА
Достава со карго

