top of page
Search
Angela

Како да се заштитиме од УВ зраците?!

Изложеноста на ултравиолетови зраци е главен фактор на ризик за повеќето промени на кожата. Изворите на УВ-зрачење можат да бидат природни и вештачки. Сончевата светлина е главен извор на УВ-зрачење, иако УВ-зраците сочинуваат само еден мал дел од сончевото зрачење


За кожата од значење е дејството на УВА и УВБ-зраците

УВА-зраците се 95 % од вкупното зрачење кое допира до Земјата и тие го забрзуваат стареењето на клетките на кожата и може да ја оштетат нивната ДНК. Овие зраци се поврзани со долгорочни оштетувања на кожата, како што се брчките, но, исто така, се смета дека играат улога во развојот на некои видови рак на кожата. УВА-зраците продираат подлабоко во кожата, до границата на дермисот и предизвикуваат директна пигментација на кожата, без појава на црвенило. Ова зрачење може да предизвика уништување на структурата на ДНК, формирање слободни радикали и уништување на клеточните мембрани. Промените се постојани и се пренесуваат на нови клетки. Предвремено стареење на кожата (фотостареење ) се должи на изложеноста на кожата на УВА.


УВБ-зраците продираат во епидермисот на кожата каде ги уништуваат клетките, а последици се создавање првут и лупење на кожата, како и изгореници. Овие зраци може да предизвикаат хронично оштетување на кожата. УВБ-зраците се толку силни што може да предизвикаат трет степен на изгореници, а со тек на време може да доведат до меланом на кожата. Се верува дека УВБ-зрачењето влијае за отпочнување на меланом, УВА главно предизвикува прогресијата на меланомот (рак на кожата).

Поради сите горенаведени факти, за адекватна заштита од штетните влијанија на сончевите зраци се препорачуваат козметички производи со УВА и УВБ-филтри.


Врз основа на сите препораки, подготовката за заштита на кожата од штетните сончеви зрачења се одвива на нивоа.


Прва линија на заштита

Првата линија на заштита значи дека количината на УВ-зраци која продира до епидермисот треба да биде минимална, што се постигнува со комбинација на УВА и УВБ-филтри.

Основната препорака за постигнување на првата линија на заштита е да се користат соодветни средства со висок заштитен УВА и УВБ-фактор.


Втора линија на заштита

Втората линија на заштита се базира на употреба на комбинација на хидро и липосолубилни антиоксиданти (соединенија со токофероли и аскорбинска киселина). Со користењето на овие два антиоксиданти во комбинација се постигнува интерактивен синергистички ефект кој овозможува максимална заштита.


24 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


Post: Blog2_Post
bottom of page